Велосипедот е идеално превозно средство што не ја загадува околината, го подобрува здравјето на луѓето и им помага најбрзо да стигнат до посакуваната дестинација. Но, во текот на зимскиот период ретко кој може да ужива во возењето велосипед особено доколку има снег.
Како одговор на овој проблем е иновативниот велосипед Sno Bike, концепт на дизајнерското студио Venn industrial design consultancy. Овој велосипед има силна структура, односно рамка што го поврзува задното тркало, што изгледа како она на моторните санки, со предната скија. Измените направени поради преносот на силата и вкупната тежина, на велосипедот му нудат подобра енергетска ефикасност и подобри перформанси при возењето.
Велосипедот е достапен во три бои – жолта, сина и црна.