Со 70 милиони евра ќе се реконструираат локалните улици во сите општини

16

Со 70 милиони евра директна помош за општините го реализираме најкрупниот и најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата. Овој проект што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски е пример за одличната соработка меѓу локалната и централната власт, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во Тетово.

“Инвестициите во патната мрежа се неопходни заради потребата да создадеме услови за подобар живот за граѓаните. Проектот за Поврзување на локални патишта овозможува токму развој на локалната патна мрежа и подобрување на урбаното живеење“, потенцираше министерот Бочварски.

Тој заедно со градоначалничката на општина Тетово, Теура Арифи, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во реконструкција на улицата Гоце Делчев во стариот дел на градот.