Со авион на пат околу светот за 1.500 евра

219

avion

Големите авио компании имаат посебни билети за патници кои сакаат да патуваат низ светот или на одреден континент, регион или земји, по цена од 1.500 евра, јавува Танјуг.биз.

Овие билети може да се најдат на пазарот по цена од 1.500 до 3.000 евра по патник, во зависност од должината на патувањето. Тие се значајно поинакви од вообичаените авио билети, со оглед на тоа што се прилагодени само за оние кои сакаат да патуваат. Познати се како авионски пропусници или air pass и се многу поволни за патниците кои сакаат да посетат што е можно повеќе дестинации.

Авио компаниите пропишуваат најмалку три сегменти за патување со овие билети, а патувањето се смета за завршено со враќање на аеродромот од каде што почнало. Во текот не е дозволено затворање на кругот, односно секое враќање на матичниот аеродром автоматски значи крај на патувањето.

Поседувањето на овие билети не е гаранција дека патникот ќе може да патува кога ќе посака, туку и со тој билет е потребно однапред да се резервира летот или on line или во некоја локална агенција, а патувањето ќе зависи од расположливоста на слободните места на избраниот лет.

Најпознатите билети за пат околу светот нудат: Oneworld Round the world, Sky team special passes и Star Alliance round the world fares.