Со автоматска размена на податоци, 47 банки ќе се борат против даночната евазија

86

finansiiВкупно 47 банки од целиот свет направија голем чекор во борбата против затајувањето на данок на глобално ниво. Тоа ќе го направат преку договор за автоматска размена на податоци меѓу банките, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (OECD), пренесува AFP.

Земјите потписничките на оваа декларација се обврзуваат во најбрз можен рок да ги усвојат законските измени што ќе им овозможат на властите да ги соберат информациите за сите банкарски сметки и нивна автоматска размена.

Свој потпис на оваа декларација ставија 34-те земји членки на OECD, но исто така, вклучени се и 18 земји кои не се членки, меѓу кои е и клучниот меѓународен финансиски центар – Сингапур.

Следниот чекор што треба да го направат земјите потписнички е да обезбедат јасни насоки за практично спроведување на прописите и утврдување на техничките можности за поголема ефикасност во реализирање на декларацијата.