Со беспилотнo летало ќе се откриваат подземни води и свлечишта во БиХ

97

bespilotno letalo

Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина во соработка со Институтот за заштита од пожари и експлозии (INZA), од денеска во функција го ставаат беспилотното летало Bramor UAV за специјално снимање од воздух.

Леталото ќе биде опремено со специјална камера за откривање на подземни води, влажност на земјиштето и превенција од свлечишта.

bramor_uav letalo

Експерти од Институтот во соработка со Министерството за одбрана ќе заминат во Железно поле кај Зеница и Маглај, каде ќе однесат неопходни средства за хигиена, храна и вода, и ќе ги извршат сите неопходни снимања на теренот и потоа извештајот ќе го проследат до надлежните институции во БиХ.