Со мали трикови до поголеми оратори

33

mikrofon-pixabay

Фото: Pixabay

Јавното говорење претставува проблем на голем број луѓе. Доколку од самиот поим за јавен говор ве облева пот, тогаш можете да се послужите со овие мали трикови кои ќе ви помогнат да говорите со поголема самодоверба.

Запомнете дека раскажувате приказна

Најдобрите оратори се луѓето кои сфатиле дека говорењето е всушност раскажување на приказна. Не треба да биде строго академски начинот на кој говорите, туку треба да биде и малку забавен. Кога го подготвувате вашиот говор, запомнете да се фокусирате на елементите кои ќе бидат интересни за слушање. Бидете брутално искрени со себе за тоа дали содржината е релевантна или не. Еден совет: Пробајте да го снимите вашиот говор за да видите дали го задржува вашето внимание.

Бидете едноставни

Секој говор треба да биде дестилиран до наједноставните поенти за да може публиката да ги восприеми информациите. Кога ќе забележите некој со 100 поенти на еден слајд, ќе си речете дека тоа е здодевно. Затоа запамтете го правилото на тројство, бидејќи едноставното групирање на работите е многу помоќно.

Учете од другите

Учење преку правење на работите е едно нешто, а учењето од најдобрите е начин како да се подобрите. Доколку ги гледате презентациите на Стив Џобс ќе увидите дека тој намерно говори споро и едноставно. Исто така тој знае како да достави фактор на изненадување, кој го прави говорот лесен за паметење. На многу начини тој беше совршен оратор.

Повторувајте се себеси

Повторување на секоја информација од говорот не треба да биде целта, меѓутоа треба да се посвети внимание на клучните информации. Како што говорот оди кон главната поента, вие треба да се повторувате себеси константно. Повторувањето е една од работите што ги прави луѓето добри раскажувачи. Исто како што комичарите кажуваат една шега на почетокот на настапот и потоа ја модифицираат. Многу е моќно кога публиката го следи вашиот говор и се обидува да сфати што сакате да кажете.