Со MarketKonekt.com компаниите сега тргуваат онлајн и со Албанија

123

SONY DSC

MarketKonekt.com, единствениот домашен веб сајт за регионална онлајн трговија, започна да функционира и во Албанија. По успешното воведување во Македонија, Бугарија и Србија, сајтот ги приклучува и албанските компании и потрошувачи со што обединува голем дел од Балканот. Проширувањето на MarketKonekt беше официјално промовирано на прес конференција на 11-ти мај во Тирана каде беа присутни и повеќе од 50 компании, од кои повеќето се веќе клиенти на сајтот. Со нив, MarketKonekt во моментов го користат вкупно 5.900 компании од четирите земји, објавувајќи околу 100.000 различни производи за онлајн продажба.

Отсега домашните компании можат самите да ги презентираат своите производи и на албанскиот пазар и директно да комуницираат со заинтересираните купувачи. Истовремено, купувачите добиваат поголем избор на производи и услуги – покрај домашните, бугарските и српските, избираат и од понудите на компании од Албанија.

Преку MarketKonekt, со брзо и едноставно објавување, бизнисите ги претставуваат производите кон секој потенцијален купувач – фирми и потрошувачи од земјава и соседството. Користењето на сајтот е лесно и прилагодено за секоја компанија, од секоја дејност и големина. Од друга страна, купувачите на самиот сајт добиваат информации за производите што им требаат, споредуваат карактеристики и контактираат за нарачки. Можат да побараат барања за понуди за потребен производ и да ја изберат онаа што најмногу им одговара.

Регионалниот карактер на сајтот е планиран од самиот почеток. “MarketKonekt го развиваме за да ги зголемиме пазарните можности за секоја домашна фирма. Нашата цел е да им обезбедиме повеќе купувачи, дома и во регионот. Соработката со трговските партнери од Албанија што ја обезбедува сајтот е мошне важен чекор во остварување на оваа цел. Сега фирмите добиваат можност за онлајн продажба на пазар од вкупно 19 милиони потрошувачи. Следната година MarketKonekt  ќе се шири и во останати земји, а ќе овозможи и систем на плаќање и достава на производите до потрошувачите”, наведува Владимир Вецовски, основач на MarketKonekt.com. Зголемена соработка очекува и Алберт Толкучи, директор на MarketKonekt Албанија: “MarketKonekt сигурно ќе го подобри поврзувањето на албанските компании со нивните трговски партнери од Македонија и од Балканот. Очекувам дека оваа единствена можност ќе ја искористат голем број од нив – на ова укажува значајниот интерес кај бројни наши бизниси за MarketKonekt уште при самото воведување на сајтот во Албанија.

За повеќе информации за сајтот погледнете го видеото Што е MarketKonekt? или посетете го www.marketkonekt.com.