Со музика полесно се работи од дома

66

Ситуацијата со пандемијата го зголеми бројот на луѓе низ целиот свет кои работат од дома. Дополнителна околност што ја отежнува ситуацијата е тоа што додека работите, во домот сигурно има многу гужва, бидејќи сите се дома, па се случува хаос во којшто е тешко да се сконцентрирате. Освен тоа, концентрацијата ја отежнуваат и информациите за ширење на коронавирусот, по што настанува вистински проблем за секој од нас.

Сепак, научниците тврдат дека слушањето соодветна музика додека работите, можете да си ја зголемите концентрацијата, да ја подобрите продуктивноста и да ја поттикнете креативноста.

Во едно истражување, испитаниците во текот на пет дена, поделени во две групи, добивале најразлични задачи – од проверка на знаењето за граматика, решавање математички задачи, па сè до комплицирани анализи.

Резултатите покажале дека 88% од испитаниците, кои додека работеле слушале музика, биле поточни во извршување на задачите, а за разлика од оние кои работеле во тишина. Исто така, оние испитаници, кои додека работеле слушале музика, биле за 81% побрзи за разлика од оние кои работеле во тишина.

Доколку вашата работа е поврзана со аналитика, бројки… тогаш експертите препорачуваат амбиентална музика, а ако внесувате различни податоци, тогаш добро е на вашата плеј листа да им поп хитови. Денс музика се препорачува во случај да решавате одредени проблеми, а класичната музика е најсоодветна кај работи што бараат многу внимание и детали.

Затоа, ако работите од дома, тогаш послушајте ги советите на експертите. Пронајдете го вашето удобно место, сварете си шолја кафе, пуштете музика и уживајте додека работите.

Фото: Pixabay