Со новата верзија Viber овозможува видео повици за Android и iOS

22

Viber-Logo

Апликацијата Viber во петтата верзија додаде можност за воспоставување видео повици преку мобилни уреди што работат на Android и iOS.

Пред да стане дел од официјалната апликација, оваа опција две години беше во фаза на тестирање, а од претходно беше имплементирана во десктоп верзијата.

Освен видео повици, новост е и воведувањето на скенирање QR кодови за брзо додавање на контакти.

Viber има преку 400 милиони корисници ширум светот.