Со отворање на некои продавници се зголеми продажбата на H&M

26

Продажбата на модната група H&M падна нешто помалку отколку што се очекуваше во текот на три месеци до февруари и порасна во првата половина на март, бидејќи на некои пазари беа намалени ограничувањата за пандемија, дозволувајќи им на стотици продавници повторно да се отворат.

Вториот по големина малопродавач на облека во светот во понеделникот објави дека нето-продажбата паднала за 27% во однос на претходната година.

Аналитичарите предвидуваат просечен пад на нето-продажбата од 30% за периодот – првиот фискален квартал на шведската групација, според Refinitiv SmartEstimate.

“На развојот на продажбата значително влијаеше ситуацијата со Ковид-19, со долгорочните ограничувања и привремено затворање на повеќе од 1.800 продавници“, се вели во соопштението на H&M.

Од почетокот на февруари, некои пазари постепено дозволија продавниците повторно да се отворат, а на крајот на кварталот, околу 1.300 продавници останаа привремено затворени.

Од компанијата наведуваат дека продажбата преку Интернет продолжува да расте.

H&M исто така објави дека продажбата се зголемила за 10% помеѓу 1-ви и 13-ти март, бидејќи некои продавници започнаа да се отвораат во многу земји, вклучувајќи го и еден од најголемите пазари, Германија. Сепак, околу 900 од приближно 5.000 продавници на ланецот останаа затворени.

Фото: Pixabay