Со помош на Intel пристигнуваат Ray Ban паметни очила

42

ray ban

Технолошкиот гигант Intel потпиша договор со компанија Luxottica со цел да започнат соработка за производство на модерни паметни очила, пишува порталот  wareable.com.

Luxottica е бренд што стои зад познатите очила за сонце вклучувајќи ги Ray Ban, Oakley, Chanel и Prada, што му дава пристап на Intel до некои од најголемите светски брендови на очила.

Компанијата Luxottica, претходно, потпиша договор со Google за производство на паметни очила на Google, кои ќе бидат брендирани со Ray Ban.

“Преку нашата соработка со Luxottica ќе се обидеме да ги обединиме нашите сили и да поврземе стилот и технологијата преку иновации и потрошувачка експертиза“, рече Брајан Крзанич, главен извршен директор на Intel.