За да може италијанската индустрија да се врати во “живот“ неопходни се 250.000 сезонски работници. Минатата недела, според тамошните медиуми, од Мароко пристигнале околу 120 работници во Италија.
Тие се посебен лет пристигнале во земјата и ќе бидат спроведени преку таканаречените зелени коридори. Станува збор за работници кои во Италија работат долго време. Поради недостиг од работна сила, што ја предизвика пандемијата, италијанските производители се подготвени да им ги покријат сите патни трошоци за да дојдат во земјата.
На Италија ѝ се неопходни над 250.000 сезонски работници во земјоделството. Најголем дел од нив се очекува да дојдат од Романија, Полска и Бугарија.
Фото: Freepik