Со специјална подморница туристи ќе ги истражуваат остатоците од Титаник

68

titanik

Фото: Blue Marble Private

Британската компанија Blue Marble Private дизајнираше подморница од титаниум и јаглеродни влакна со којашто туристите ќе може да ги погледнат од близу остатоците од култниот брод Титаник.

Првите патници ќе може да уживаат на ова патување од следната година. Осумдневното патување ќе биде за девет авантуристи кои од островот Њуфаундленд со хеликоптер ќе бидат транспортирани до подморницата.

Подморницата ќе се нурне на длабочина од околу 4.000 метри, по што патниците ќе може да бидат дел од експедицијата што ќе ги истражува остатоците од овој култен брод.

Оние туристи кои ќе сакаат да бидат дел од оваа необична авантура ќе треба да одвојат по 105.129 долари, јавува Cnn.

Студија што беше спроведена во 2016 година покажува дека “супер бактерија“ може да ги нападне остатоците од Титаник во текот на следните 15 години.