Wizz Air најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа обезбеди нова директна авио-линија од скопскиот аеродром, Скопје – Гетеборг.
Летовите ќе почнат да функционираат од 31 мај, а од компанијата очекуваат годинава да пренесат 350.000 патници преку скопскиот аеродром Александар Велики.
Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.
“Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за шведските клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Wizz Air . Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор, вели Џон Стивенсон, потпретседател на Wizz Air .
Летовите за Гетеборг ќе бидат секој понеделник и петок во 17:20 часот, со AIRBUS А320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.