Соборен рекорд во последните 25 години: Компаниите масовно поднесуваат барање за стечај

240

Радио „ФренсИнфо“ објави дека речиси 9.000 компании во Франција поднеле барање за стечај во третиот квартал од 2022 година.

Ова е рекорд во последните 25 години

„Според проценките на агенцијата „Алтарес“, која собира информации за компаниите, во третиот квартал од 2022 година се покренати 8.950 стечајни постапки, што е за 69 отсто повеќе од летото 2021 година“, пишува радио станицата.

Повикувајќи се на агенцијата, споменатиот медиум забележува и дека оваа бројка на стечаи е рекордна во изминатите 25 години, а најпогодени се малите продавници, ресторани и фризерски салони.

Колку е помала компанијата, толку е поранлива, според податоците на Алтарес. Три четвртини од постапките се однесуваат на фирми со помалку од три вработени и фирми помали од три години.