Собраќајниот метеж САД ги чинат 124 милијарди долари годишно

77

soobrakaen metez

Метежот во сообраќајот е секојдневие во сите светски метрополи. Освен тоа што луѓето губат време, чекајќи во долги редици, се прават и дополнителни трошоци што само во САД се на ниво од 124 милијарди долари годишно.

Доколку предвидувањата на компанијата INRIX од Сиетл и на Центарот за економски и деловни истражувања – CEBR, се остварат, трошоците би можеле да достигнат и до 186 милијарди долари годишно до 2030 година.

INRIX е компанија што пружа информации за сообраќајот во реално време и прави анализи на сообраќајот преку собирање анонимни податоци од дури 180 милиони возила ширум светот. CEBR од собраните податоци ги пресмета трошоците за сообраќаен метеж, а за пресметка ги користеле времето поминато во метежот, потрошеното гориво и влијанието врз околината. Освен тоа, во предвид ги земаат и индиректните трошоци како што е зголемената цена на превозот, загубените деловни можности поради доцнење на состаноци и слично.

Вкупниот број на трошоци, во просек, е 68 часа по домаќинство, односно 1.736 долари што во тотален износ е 124 милијарди долари. Дури 20% од овие трошоци се прават во Лос Анџелес, град што е познат по автопатите со повеќе колони и загадениот воздух.

Според INRIX, решението на овој проблем лежи во подобра и поширока имплементација на мултимодалните системи на превоз и поврзување на возилата во паметни мрежи со што ќе се намали метежот низ улиците. Можностите за намалување на трошоците се неограничени, а доколку ништо не се преземе, трошоците од сообраќајниот метеж ќе се зголемат за 50% во следните 15 години.