Во домот за хуманитарни организации Даре Џамбаз на корисници на социјална парична помош денес ќе им бидат доделени дигитални ресивери со кои ќе можат да ја следат телевизиската програма по укинувањето на аналогниот сигнал.
На настанот ќе присуствуваат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и извршниот директор на Македонската Радио Телевизија, Марјан Цветковски.
Во Македонија од 1 јуни започнува дигитализацијата која на граѓаните треба да им понуди кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги.