Социјалните семејства ќе добијат дигитални ресивери

22

risiver_201352384036Во домот за хуманитарни организации Даре Џамбаз на корисници на социјална парична помош денес ќе им бидат доделени дигитални ресивери со кои ќе можат да ја следат телевизиската програма по укинувањето на аналогниот сигнал.

На настанот ќе присуствуваат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и извршниот директор на Македонската Радио Телевизија, Марјан Цветковски.

Во Македонија од 1 јуни започнува дигитализацијата која на граѓаните треба да им понуди кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги.