Софија потпиша договор за изградба на нов нуклеарен реактор

2

kozloduj

Бугарија и компанијата Вестингхаус електрик потпишале договор што го отвора патот кон изградбата на нов нуклеарен реактор во земјата.

Бугарија е една од петте земји членки на Европската унија која е целосно зависна од нуклеарното гориво од Русија.

Вестингхаус, најголем светски производител на атомско гориво и член на јапонската група Тошиба, ќе има удел од 30% во Козлодуј, компанијата што ќе ја гради новата единица на нукеарката Козлодуј во Бугарија.

“Договорот ќе стапи на сила дури откако ќе се добие потврда од следната влада“, зијави Иван Генов, директор на нуклеарката Козлодуј.

Владата на Бугарија минатата недела поднесе оставка, а извршните работи во следните два месеци ќе ги извшува привремениот кабинет. Предвремените избори ќе бидат одржани во октомври.