Софистицираност и стил – новиот Blue Edition од Harry Winston

59

Project Z6 Blue Edition е најновиот часовник од луксузниот производител Harry Winston, кој ќе се приклучи во серијата Project Z. Blue Edition е механички, рачен часовник составен од дури 338 делови, во кој има вградено и аларм.

zalium-clad-horology-harry-winston-project-z6-blue-edition

Алармот има прилично силен звук на чекан кој удира непрекинато една минута, слично на гонг.

Буквата ‘Z’ во името на часовникот го преставува Залиумот (Zalium), вид на метал, ултра лесен, но сепак потежок од титаниум, кој не придизвикува алергија и има силна отпорност на корозија.

frontocemal44zz005_black_background

Залиумот е всушност аеро тип на легура од циркониум, која единствено Harry Winston може да ја користи при производството на часовници.Часовникот Project Z6 Blue Edition доаѓа во 44 mm кутија од залиум.

Цврстината и отпорноста на Blue Edition е дополнета со сив дијамант како финиш.