Softbank го купува британски ARM Holdings за 32 милијарди долари

25

ARM-Softbank

ARM Holdings, една од најуспешните технолошки компании во Велика Британија, ќе биде преземена од страна на јапонската мултинационална технолошка корпорација Softbank за 32 милијарди долари, што претставува најголемото преземање од јапонска компанија, пишува CNN Money.

ARM Holdings е една од водечките компании за изработка на микрочипови и осмислување на графички технологии за мобилни уреди, а нивните производи, меѓу другите, ги користат Apple, Samsung и Huawei.

Softbank би требало да плати по околу 22,50 долари по акција во готово.