SoftBank ќе гради сончева фабрика во Саудиска Арабија вредна 200 милијарди долари

57

pexels-photo-411592

Фото: Pexels

Саудиска Арабија и SoftBank заедно ќе градат сончева фабрика во вредност од 200 милијарди долари што воедно е и најголем проект од ваков тип досега, пренесува Bloomberg.

Основачот на SoftBank, Масајоши Сон и Саудискиот принц Мохамед бин Салман, заеднички го претставија проектот пред два дена во Њујорк.

Сончевите панели двојно ќе го зголемат капацитетот за производство на електрична енергија во Саудиска Арабија, којшто изнесуваше 77 гигавати во 2016 година. Околу две третини од тоа е енергија генерирана од природен гас, додека останатите гигавати доаѓаат од нафта.

Според Сон, овој проект треба да отвори дури 100.000 работни места и да ги намали трошоците за енергија за 40 милијарди долари. Фабриката се очекува да го достигне својот максимален капацитет до 2030 година, а еден гигават да чини околу една милијарда долари.