Софтвер ги претвора машините за плетење во 3D печатачи

59

3d-knitting-900x600-min

Фото: Carnegie Mellon University

Вообичаено, програмирањето на индустриска машина за плетење на одреден тип на предмети е доста сложен процес. Но, тоа може да се промени, благодарение на нов софтвер за 3D печатење.

Програмата е дело на тим од Универзитетот Carnegie Mellon од Питсбург, Пенсилванија, предводен од професорот Џејмс Мекан. Во суштина, потребни се компјутерски модели на три-димензионални објекти (во форма на 3D мрежи) и софтверот автоматски ги претвора во упатства за плетење, коишто овозможуваат компјутерски контролирани машини за плетење да ги произведат тие предмети.

Поконкретно, софтверот е дизајниран да работи со машини за плетење со широка употреба. Тој дава инструкции коишто ги минимизираат шансите за кршење на предиво или заглавување.

Во моментов, системот е способен само за производство на предмети со мазни површини, за разлика од оние со шарени плетки. Софтверот сè уште не е компатибилен со сите марки и модели на машини, но тимот работи на неговата широка примена.