Сок од морков и ѓумбир против ‘рчење

32

morkov

Фото: Pexels

‘Рчењето е проблем кој ги погодува како возрасните, така и младите лица. Причината може да биде различна, но најчеста е девијација (искривување) на носната празнина.

Непријатната појава може да резултира и од прекумерна тежина, лоша перница или душек, запушена или сува носна слузница, која пак може да се појави од несоодетна исхрана, воспаление на синусите, сув воздух, и слично.

За среќа постојат неколку намирници во домот кои можат да помогнат да се ослободите од ‘рчењето.

За да го подготвите “магичниот” напиток, ќе ви бидат потребни два моркови, два јаболки, мало парче ѓумбир (во големина на нокот) и лажичка лимонов сок.

Излупените и измиени состојки ставете ги соковник. Првиот ден испијте една чаша сок наутро, пред ручекот и пред вечерата. После тоа доволна е само една чаша дневно.

Сокот ќе помогне во ослободување на дишните канали и ќе ја нормализира слузницата, со што ќе го спречи ‘рчењето.