Фото: Ladurée
Британската дизајнерка на накит Соланж Азагури Партриџ даде свој печат на познатите француски колачиња макарунс. Колекцијата наречена Solange pour Ladurée, е соработка на Соланж и луксузната француска слаткарница Ladurée.
Пакувањето се состои од седум макарунс во бојата на виножитото и секој од нив има различен вкус. Во кутијата се наоѓа и уште едно колаче, бисквит наречен Solangette, којшто е дело на дизајнерката, а се состои од две чоколадни макарунс школки исполнети со мармалад.
Како што вели Соланж, кутијата во којашто се спакувани колачињата го претставува нејзиниот поглед на светот. Виножитото на неа ги истакнува боите, а дизајнерката најмногу внимава на разните нијанси и нивното комбинирање кога го изработува накитот.