SolarGaps, паметни соларни ролетни што создаваат енергија

113

roletni

Фото: Kickstarter

Украинскиот старт – ап SolarGaps направи паметни соларни ролетни коишто ја користат сончевата енергија за производство на струја. Корисникот на овие паметни ролетни треба да ги монтира на прозорот, да ги приклучи на штекер и апаратите ќе почнат да се напојуваат со енергија.

SolarGaps може да се монтираат од внатрешната или надворешната страна на прозорот и вклучуваат моторизирана компонента за рачно или автоматско подигнување или спуштање. Има автоматски механизам за прилагодување на аглите и следење на позицијата на сонцето во текот на денот. Ролетните се направени со SunPower соларни ќелии коишто имаат рок на траење од 25 години. Исто така, енергијата што не е искористена во текот на денот може да се чува во батеријата, а корисникот да ја искористи кога ќе има потреба од неа, пишува Treehuger.

Според компанијата, квадратен метар од SolarGaps ролетните може да произведе 100 киловат часови енергија дневно кога се монтирани надвор, или до 50 киловат часови кога се монтирани внатре, што е доволно за напојување на 30 LED сијалици.

Овие ролетни, како што велат од компанијата, се идеални за оние кои не можат да инсталираат соларни панели на покривите на своите домови.

SolarGaps ролетните се поставени на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да соберат 50.000 долари.