Соларна топлана на српски професор – двојно поевтина и поефикасна

19

solarna-toplana

Српскиот професор по машинство, Владан Петровиќ, проектираше соларна топлана на која и е потребна само сончевата енергија. Станува збор за направа што е двојно поевтина и поефикасна од другите што користат обновливи извори на енергија.

Оваа направа се состои од чинија со пречник од 13 метри завртена на сончевата страна и огромно буре поврзано со цевки. За оваа постројка, освен сончевата енергија, не се потребни други енергенси, концетраторот ја собира, а акумулаторот ја чува топлината.

sol

“Ние денес со оваа постројка може да развиеме температура од 1.500 до 1.600 степени, а со овој акумулатор може да постигнеме 450 киловат час по кубик. Тоа значи дека може да ја чуваме енергијата со месеци, дури и во текот на зимата“, вели професорот Перовиќ за РТС. Тој нагласува дека загубите на енергија се скромни 5% до 6%.

sol top

Во светот засега постојат технологии кои сончевата топлина ја задржуваат најмногу до 10 часа. Поради тоа, изградбата на неговиот изум го финансирале британски компании, а за две години, колку што постои, го посетиле научници од 19 земји.