Соларни панели ќе го напојуваат новиот аеродромски терминал во Њујорк

22

Новиот терминал 1 на Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, САД, наскоро делумно ќе се напојува најголемата мрежа покривни сончеви панели во градот, објави „Бизнис инсајдер“.

Откако ќе биде завршен, новиот енергетски систем ќе се состои од повеќе од 13.000 соларни панели, што го прави најголем во Њујорк и на кој било аеродромски терминал во САД.

Новиот проект ќе се состои од мрежа со 11,34 мегавати електрична енергија од панели на покривот, гасни горивни ќелии, акумулаторни батерии, како и систем за ладење и загревање на водата. Иницијативата ќе биде предводена од „Алфастракшур“ (AlphaStruxure), со заедничко вложување со приватната компанија „Карлајл груп“ (Carlyle Group) и француската „Шнајдер електрик“ (Schneider Electric).

– Решавањето на нашиот енергетски предизвик се сведува на три работи – електрификација, дигитализација и декарбонизација, со добивање повеќе електрична енергија од обновливи извори. Микромрежите се клучот за постигнување на сето ова – изјави Анет Клејтон, извршна директорка на „Шнајдер електрик“ за Северна Америка.

Во однос на производството, тој ќе генерира приближно онолку енергија колку што би потрошиле 3.570 просечни американски домаќинства за една година. Од енергетските полиња, три ќе бидат завршени до 2026., а последниот ќе биде пуштен во 2029 година.