Соларните патишта ќе станат реалност во 2017 година

38

kamion

Француската компанија за изградба на патишта Colas SA, дизајнираше соларен панел што се поставува на коловозите и е доволно издржлив за да поминуваат камиони, пишува Bloomberg.

Компанијата минатиот месец започна тестирање на една улица во должина од еден километар во мал француски град, а најави и тестирање на технологијата во Канада, САД, ширум Европа, Африка и Азија.

11

Истражувањата и лабораториските тестови на овие панели траеја пет години, но пред да бидат поставени на коловоз, компанијата планира да ги тестира на 100 реални локации наредната година. Метар квадратен чини 2.500 евра, а ги вклучува и трошоците за мониторинг и инсталација.

13

Само 20 метри квадратни панели се доволни за задоволување на енергетските потреби на еден просечен дом во Франција. Тоа значи дека секој километар ќе обезбеди струја за околу 5.000 домови.

12

Според информациите од компанијата, иако панелите се изработени од обични соларни ќелии (како оние на крововите), прекриени се со неколку слоеви пластика за да може да ги издржи уличните услови.