SoleRebels – чевли изработени од рециклирани камионски гуми

8

solerebels-facebook

Фото: Facebook

Бетлем Тилахун Алему е основач на брендот SoleRebels, што се занимава со производство на еколошки чевли изработени од рециклирани камионски гуми, пишува Anadolu agency.

“SoleRebels е приказна за креативна визија, зајакнување и одржливост. Ние не продаваме производ, туку приказна“, вели 36-годишната Алему.

Овие чевли во моментов се продаваат во над 50 земји во светот, а за нивно производство се ангажирани околу 200 вработени.

За еден месец планирано е отворање на фабрика на SoleRebels, чија вредност е околу 20 милиони долари.