Компанијата Солопром е еден од преку 400-те домашни и странски изложувачи што ќе учествуваат на овогодинашниот меѓународен Саем за мебел.
Оваа година Солопром ги претставува своите материјали и производи под слоганот
ВАША ВИЗИЈА, НАШИ МАТЕРИЈАЛИ
Заедно ги наоѓаме вистинските нијанси за Вашиот ентериер
Во разговор со Марјан Трајковски – координатор за малопродажба на компанијата, откриваме што стои зад овој слоган. Пред сè, вниманието е насочено не толку кон изложените производи, туку кон клиентите и нивно запознавање за сите придобивки што ќе ги добијат од тој производ. Тимот е целосно посветен, преку блиска комуникација да ги пресретне нивните барања. Најважно им е да ги запознаат клиентите со сите отворени решенија за проектот што сакаат да го направат, заедно да направат споредба меѓу материјалите и преку прашања и одговори да им го пренесат своето знаење кое дополнително ќе им помогне да го одберат вистинското решение.
Солопром, како постојан учесник на Саемот за мебел изминативе 25 години, секогаш успева да го привлече вниманието на посетителите со производи кои ја обележуваат годината во светот – производи за свежи, оригинални ентериерни решенија и трендови.
Новитет е колекцијата на оплеменета иверка од Кроношпан TRENDS 16/17, којшто ја сочинуваат 11 модерни декори со мотиви на дрво. И оваа понуда е веќе во продажба, а наскоро ќе пристигнат и ПВЦ фолии од истите декори за пластифицирање на медијапан. Одлична можност за комбинирање помеѓу материјалите.
Следниве материјали ќе бидат достапни за продажба наскоро после саемот. Тоа се колекција на метални рачки и закачалки од Полска, модел на композитен мијалник од Италија, декори на ламинатен под, избор на плотни со дрвен декор од повеќе производители, како и РИТМА-Кјуб, систем за фиоки со меко затворање, нов и подобрен систем на досегашните ТРИОМАКС фиоки, но со поекономична цена и модерен линеарен дизајн.
Бидејќи овој саем се одржува еднаш годишно, Солопром го кани секого да ги искористи овие неколку дена и да ја разгледа понудата на сите исложувачи без разлика дали имаат потреба од мебел или не. Убаво е да се има свежа слика за новитетите и трендовите во дрвната и индустријата за мебел, за дизајнот, материјалите и нивната употреба.
Изложбениот штанд на Солопром ќе го најдете во третата хала, десно по главната патека.
Накратко да кажеме и за Витрина, подружница на Солопром. Штандот се наоѓа во преминот меѓу третата и четвртата хала на Скопски саем, односно во Анекс 3. Поставена е премиум селекцијата на материјали и оков за мебел на Витрина. Витрина е проект во кој се застапени 30 светски добавувачи, производители на високо квалитетни и ексклузивни материјали за ентериерно опремување.
Дали ви е предизвик да донесете одлука, особено кога треба да искомбинирате бои и материјали, без разлика дали станува збор за парче облека, тепих или завеси, ѕидови и плочки, или да искомбинирате декори за вашиот мебел? И на крај, кога ќе се одлучите, се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука. За среќа, со љубезноста и стручниот кадар во Солопром, оваа задача ќе ви биде многу олеснета. Целосно ќе бидете информирани за материјалите и производите и нивната вистинска вредност.
П.С – Вреди да се напомене и брошурата што ја делат вработените на Солопром. Наместо класичен леток на кој се претставени нивни производи, одлучиле да ги информираат луѓето за нивните вредности, услуги и цели преку метафорични, комични илустрации. Секоја чест за идејата!!!