Сон за сите жени: Две во едно – балетанки и високи потпетици

47

o-TANYA-HEATH-570Канадската дизајнерка која живее и работи во Париз, Тања Хит, создаде чевли кои за секунда можат од балетанки да станат високи потпетици и обратно, пишува The Huffington Post.

Само со механизам на притискање се овозможува вадење и ставање на потпетицата при што добивате чевла каква што одговара на приликата.

Потпетици и чевлите се продаваат посебно, а висината на потпетицата може да биде од 4,5, па до 8,8 сантиметри.

o-TANYA-570

Дизајнерката ја добила оваа идеја од потребата за одморени стапала. Високите потпетици кои се задолжителни на одредени работни мести, можат да бидат навистина неудобни доколку работното време најчесто го поминувате во одење или стоење.

Не само што добивате два вида на чевли, туку можете и да ги одморите вашите нозе при првата прилика.

Хит заедно со уште 14 дизајнери работеше на овој проект две ипол години. Цената на чевлите се движи од 360, па се до 515 евра, додека потпетиците можат да се купат по цени од 35 до 70 евра, на веб страната на дизајнерката.