Сончев Брег најевтино летувалиште во Европа

37

soncev bregСончев Брег, познат како нискобуџетна дестинација за странските туристи, се рангираше на прво место како најевтин меѓу 20 летувалишта во Европа, според истражувањето Holiday Costs Barometer на британската компанија Post Office. Истражувањето е направено врз основа на цените на 10 стоки – пијалоци, храна и козметика. Не се вклучени трошоците за транспорт, пишува софиски Труд.

Според истражувањето, збирот на цените на производите во Сончев брег е околу 52 евра. На второ и трето место се турското одморалиште Мармарис (66 евра) и шпанскиот Коста дел Сол (67 евра). Истите производи се најскапи во Италија – околу 123 евра во областите Тоскана и Соренто.

Во Сончев Брег, во споредба со другите летувалишта најевтино се продаваат шише пиво и крема за сончање. Најниска е и цената на ручек и вечера за двајца во ресторан. Според британското истражување, пиво во кафуле или бар во Сончев Брег чини 0,8 евра. Вечера за двајца со мезе, главно јадење, десерт и шише вино чини 27 евра, а ручек со две јадења без пијалоци – 8,7 евра. Релативно евтино се продаваат минералната вода, газираните пијалоци и виното.

Според истражувањето, цените во Сончев Брег оваа година ќе бидат за 8,6% пониски во споредба со 2013 година.