Сончева електрана во Флорида во форма на Мики Маус

37

disney_mickey_solar_farm_041216_2Во тематскиот парк Дизниленд во Флорида се отвори првата сончева електрана којашто ќе го снабдува со енергија целиот парк, пишува Tech Times. Она што е интересно е нејзината форма – омилениот дизниев лик на сите деца, Мики Маус.

Проектот е замисла на најголемиот холдинг за електрична енергија во САД Duke Energy заедно со Reedy Creek Improvement District (RCID) и Walt Disney World Resort.

Електраната има вкупно 48.000 сончеви панели, а зафаќа површина од 9.000 метри квадратни. Нејзината јачина изнесува пет мегавати што е сосема доволно за да ги напојува и сите хотели во опкружувањето.

Градбата е дел од планот на компанијата Дизни којшто има за цел да ја намали емисијата на јаглерод во воздухот за 50% до 2020 година.