Sony ги претстави Xperia Z2 и најтенкиот водоотпорен таблет на светот

20

7357ed1ddabca6b115ff8a65fac07aa6Sony на саемот за технологија MWC во Барселона го претстави новиот паметен телефон, Xperia Z2. Новата врвна понуда на Sony на паметни телефони доаѓа по само 4 месеци од претставувањето на Xperia Z1, и само година дена од првиот паметен телефон Xperia Z. Сите три уреди делуваат дека имаат сличен дизајн, но разликата е во димензиите на екранот – Z2 има екран од 5,2 инча, а претходните модели имаат 5 инчен екран.

Новиот Xperia стартува 4 јадрен процесор Qualcomm Snapdragon од 2,3 GHz, опремен е со камера од 20,7 мегапиксели со 1/2,3 инчен сензор кој може да снима видео со резолуција од 4К, има 3 гигабајти рам и батерија од 3.200 mAh. Камерата меѓу другото има мод кој овозможува снимање на 120 слики во секунда и успорување на одредени сцени.

Унапреден е и звукот, кој беше една од слабите точки на Xperia Z1. Z2 има стерео микрофон STM10, стерео зучници и дигитален состав за поништување на буката. Z2 исто така е отпорен на прашина и вода според стандардите IP55 и IP58.

Водоотпорен е и новиот Xperia Z2 таблет, кој Sony го претстави во Барселона, за која тврдат дека е најтенкиот и најлесен таблет на светот, односно дека е првиот таблет со дисплеј Live Colour LED, кој ги прикажува природните бои и сликите со совршена острина. Z2 таблетот има Full HD Triluminos екран од 10,1 инча.

Овој таблет е и најјакиот на светот, тврдат од Sony. Има потполно интегриран процесор Qualcomm Snapdragon 801 од 2,3 GHz, литиумска полимер батерија од 6000 mAh.

Двата уреди ќе бидат пуштени во продажба насекаде во светот во март.