Sony најави зголемување на цената на својата конзола PlayStation 5 за пазарите во Европа, Велика Британија, Јапонија, Кина, Австралија, Мексико и Канада.
Најинтересна ситуација за нас е европскиот пазар, а според компанијата цената на PS5 конзолата во Европа е за 10 отсто повисока. Цената сега е 550 евра за моделот Ultra HD Blu-ray диск (претходната цена беше 500 евра) и 450 долари за PS5 Digital Edition (претходната цена беше 400 евра).
Компанијата ги наведува глобалните економски предизвици како главни причини за ова зголемување на цената.
„Се соочуваме со висока глобална стапка на инфлација, како и со неповолни валутни трендови, кои влијаат на потрошувачите и вршат притисок врз многу индустрии. Врз основа на овие предизвикувачки економски фактори, SIE донесе тешка одлука да ја зголеми предложената малопродажна цена на PlayStation 5 на пазарите низ Европа, Блискиот Исток, Африка и други региони“, рече Џим Рајан, претседател и извршен директор на Sony Interactive Entertainment.
Иако Sony ги зголемува цените на конзолата PS5, ситуацијата со понудата и залихите се уште е голем проблем на многу пазари. Од компанијата нагласуваат дека приоритет им е подобрување на состојбата со залихите на PlayStation 5.