Sony го купува одделот за сензори на Toshiba

24

toshiba

Во рамките на реструктуирањето, Toshiba на Sony ќе му го продаде одделот за производство на оптички сензори,  јавува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски на компанијата.

Двете јапонски компании се договориле за цена од околу 165 милиони долари.

Со овој потег Toshiba целосно ќе се повлече од пазарот на оптички сензори коишто се вградуваат во камери, фотоапарати и мобилни телефони. Sony веќе е доминантен играч на овој пазар. Неговите производи ги користат кинеската компанија Xiaomi и индиската Micromax Informatics.