Јапонскиот технолошки гигант Sony објави дека ќе го купи развивачот на видео игри Bungie во договор од 3,6 милијарди долари. Американската компанија е најпозната по франшизите Destiny и Halo.
Договорот ќе му овозможи на Sony пристап до услугите за игри во живо на Bungie. Ова ќе и помогне на јапонската компанија „да достигне милијарди играчи“ – цел која беше најавена претходно.
„Ова е важен чекор во нашата стратегија за проширување на PlayStation на многу поширока публика“, рече Џим Рајан, претседател и извршен директор на Sony Interactive Entertainment (SIE), цитиран од BBC. „Знаеме колку е витална заедницата Bungie за студиото. Тие остануваат независни и продолжуваат да се развиваат“.
Засега не е познато кога Sony ќе го затвори договорот. Сепак, познато е дека Bungie ќе работи самостојно и ќе продолжи да објавува свои игри по преземањето.
„И Bungie и SIE веруваат дека гејминг световите се само почеток на она што ќе стане нашата интелектуална сопственост“, рече извршниот директор и претседател на Bungie, Пит Парсонс.
„Нашите оригинални простори имаат голем потенцијал и со поддршка на SIE ќе го претвориме Bungie во глобална мултимедијална компанија за забава посветена на исполнување на нашата креативна визија“, додаде тој.
Набљудувачите на пазарот истакнуваат дека пред само неколку дена Microsoft ја објави својата одлука да го купи гејмерскиот гигант Activision Blizzard во зделка од 68,7 милијарди долари.
Договорот сепак ќе подложи на проверка на американскиот регулатор FTC.