Sony и Honda заедно ќе произведуваат електрични автомобили

66

Sony и Honda официјално потпишаа договор за основање компанија за копроизводство на електрични автомобили. Новата компанија ќе се вика Sony Honda Mobility. Компанијата ќе се фокусира и на „услуги за мобилност“, пишува Elektrec.

Sony Honda Mobility ќе биде лансиран оваа година и планира да започне со продажба и на својот прв електричен автомобил и на „услугите за мобилност“ во 2025 година.

„Новата компанија ќе се стреми да ги комбинира најновите еколошки и безбедносни технологии на Honda, можностите за развој на мобилност, технологијата на каросеријата на возилото и искуството за управување со услуги по продажбата со искуството на Sony во развојот и примената на слики, сензори, телекомуникации, вмрежување и технологија за забава“, се вели во соопштението на Honda.

Генерално, Honda ќе придонесе со своето искуство во автомобилската индустрија, а Sony ќе придонесе со своето софтверско и технолошки искуство.

Сепак, се уште не се познати деталите за автомобилот на кој ќе работат Honda и Sony. Но, во февруари, главниот финансиски директор на Sony коментираше дека тие нема сами да започнат со производство на батерии или возила и дека компанијата повеќе би се фокусирала на изнаоѓање партнерства.

Honda развива електрични возила, но иако се чини дека прави некои чекори, компанијата сепак заостанува. Тие најавија дека сите нови модели ќе бидат електрични до 2030 година, но само во Кина.

Во САД, Honda рече дека побарувачката сè уште не е доволно висока, иако секој нов EV модел моментално е ограничен во понудата.