Sony нема да го продава бизнисот со телевизори

27

Sony Bravia plasma TV's on display in a shopSony нема да го продава бизнисот со телевизори, изјави извршниот директор на јапонската корпорација Казуо Хираи за CNBC.

Коментарот на Хираи доаѓаа како одговор на притисокот во последните месеци од страна на инвеститорот Дениел Лоб, Sony да продаде една петтина од своите активи поврзани со забавата. Од компанијата официјално го отфрлија предлогот на почетокот на август.

Шпекулациите дека Sony може да продаде дел од својот бизнис се појавија по разочарувачките добивки во телевизиското производство и лошата продажба. Падот во продажбата на телевизори одамна е извор на грижи во компанијата, која некогаш се сметаше за пионер во електрониката.

Од друга страна, компанијата се обидува да добие поголем удел на пазарот на паметни телефони, каде што доминираат ривалите Samsung и Apple. Според некои анализи, Sony сега држи само 2,2% од глобалниот пазар на мобилни телефони.

Во периодот април – јуни компанијата забележа нето профит од 35 милиони долари, во споредба со претходната година, кога направи загуба од 247 милиони долари.