Sony продаде еден милион PlayStation 4 конзоли во првите 24 часа

20

Sony's New Game Unit, Playstation 4 Goes On SaleОткако викендов беше пуштен во продажба, во првите 24 часа беа продадени преку еден милион конзоли PlayStation 4, јавува Ројтерс.

Претходниот модел, PlayStation 3, оваа бројка ја постигна дури по три месеци.

“Реакцијата на фановите е феноменална”, вели Ендрју Хаус, извршен директор на Sony Computer Entertainment и додава дека очекуваат ентузијазмот да продолжи и по лансирањето на конзолите во Европа и Латинска Америка.

Продажбата започна во САД и Канада, по цена од 399 долари, а во Европа ќе стигне на 29 ноември.

Покрај подобриот хардвер, новиот модел може да се интегрира со социјалните мрежи како Facebook.

Претставувањето на PS4 се случува седум години по претставувањето на PS3 и една недела пред излегувањето на новиот Xbox Оne на Microsoft. Xbox One ќе излезе во продажба на 22 ноември и ќе се продава за 499 долари.

Sony планира да продаде пет милиони PS4 до крајот фискалната година, која завршува на 31 март 2014.