Профитот на јапонскиот технолошки гигант, Sony, во периодот од јануари до март годинава е за осум пати поголем во споредба со првиот квартал лани, достигнувајќи 982 милиони долари. Како причина за зголемениот профит се наведува фактот што Јапонците кои остануваат дома поради рестриктивните мерки повеќе играат видео игри и купуваат други визуелни содржини што ги нуди компанијата.
Во фискалната година, што завршува на 31-ви март, Sony прикажа рекордна добивка од 11 милијарди долари, што е скоро двојно повеќе одошто една година претходно.
Сè уште има голем интерес за конзолата Play Station 5, што беше пуштена во продажба минатата година. Вкупната продажба на Sony во првото тримесечје од оваа година се зголеми за 27% на 20 милијарди долари.
Сепак, Sony предвидува пад на профитот од 44% за фискалната година до март 2022-ра на шест милијарди долари, бидејќи сите оние фактори што влијаат на раст на добивката во изминатата година би можеле да исчезнат.
Фото: Pexels