Соосновачот на Twitter ја напушта компанијата

24

Соосновачот на Twitter, Еван Вилијамс, ја напушта управата на оваа социјална мрежа, пишува The drum.

Според официјални информации, Вилијамс ја напушта управата на Twitter на крајот на овој месец, а неговата функција на тоа место завршува во 2021 година.

“Поминаа извонредни 13 години и јас сум горд на тоа што го оствари Twitter за време додека сум во компанијата. Среќен сум поради тоа, беше интересно, поучно и предизвикувачки. Ќе продолжам да навивам за овој тим, но ќе се фокусирам на други мои проекти“, изјави тој.

Вилијамс, заедно со Џек Дорси и Биз Стоун, во 2007 година ја основаа социјалната мрежа Twitter.