Сопственици на електрични автомобили ќе можат да изберат сопствен “ринг тон“

74

Сопствениците на електрични автомобили би имале можност сами да изберат “ринг тон“ со којшто нивното возило ќе ги предупредува пешаците и другите учесници во сообраќајот, пишува BBC.

Според американската управа за безбедност на патниот сообраќај, производителите на автомобили би можеле да им дадат неколку опции за бука што ќе ја испуштаат нивните “тивки возила“.

Електричните автомобили мора да создаваат бука доколку патуваат побавно од 30 километри на час. Автомобилските компании на со креативни решенија одговараат на овој предизвик. Па така, Mercedes Benz својата EQC линија ќе ја опреми со систем што емитира зуење, Mercedes AMG во соработка со рок бендот Linkin Park разви моќни звуци за своите електрични модели, BMW ангажира експерти за дизајн на звуци што ќе бидат препознатливи за овој германски бренд, Tesla разви тон што потсетува на електрични оргули…

Од први јули оваа година, новите електрични возила произведени и дистрибуирани во Европската унија ќе мора да имаат уред што ќе емитува звук. Звучниот систем е задолжителен со цел да се намали ризикот за пешаците.

Фото: Pixabay