Електричните возила во ЕУ ќе мора да имаат вграден звучен систем

37

Според новиот закон, којшто стапи на сила вчера, новите електрични возила произведени и дистрибуирани во ЕУ ќе мора да имаат уред што ќе емитува звук.

Звучниот систем ќе биде задолжителен со цел да се намали ризикот за пешаците, пишува BBC.

Електричните и хибридните возила имаат мотор којшто е многу тивок, па затоа се наметна потребата за вградување на систем што вештачки ќе емитува звук на вистински мотор, со цел пешаците подобро да слушнат кога ќе се приближува автомобил.

Звучниот систем на автомобилите наречен Avas ќе мора да се слуша кога возилото оди во рикверц или се движи со брзина помала од 19km/h.

Возачите ќе можат да го деактивираат доколку мислат дека е непотребно. Од 2021 година сите нови електрични возила ќе мора да имаат Avas, не само новите модели.

Фото: Pixabay