Сопственикот на Alibaba фрлил око на Свети Стефан?

166

Натурализираните Црногорци Веи Сенг Пуа и Петрос Статис преговарале во бизнисот во Црна Гора да го вклучат и еден од најбогатите Кинези, милијардерот Џек Ма, сопственик на онлајн продавницата Alibaba.

Според неофицијални информации на црногорскиот весник Vijesti, Веи Сенг Пуа и Петрос Статис преговарале со најбогатиот Кинез, а непознато е дали Џек Ма влегол во заеднички бизнис или го презел управувањето со најатрактивниот дел од црногорскиот брег, хотелскиот комплекс Свети Стефан, Милочер и хотелот Маестрал.

Едниот од бизнисмените со кинеско – малезиско, а другиот со грчко потекло се сопственици на компанијата Adriatic properties и Fasamo, преку кои управуваат со Свети Стефан и хотелот Маестрал.

Џек Ма ја воведе е – трговијата во Кина, а минатата година се повлече од местото извршен претседател на Alibaba, компанија чија вредност се проценува на 480 милијарди долари, а неговото лично богатство на 39 милијарди евра.

Фото: Pixabay