Сопственикот на Изи Џет отвара ланец на супермаркети

31

Stelios_66805cБританскиот бизнисмен со кипарско потекло Стелиос Хаџи Јоана кој е сопственикот на нискобуџетната авионска компанија Изи Џет, покренува ланец на супермаркети, кој е замислен како конкуренција на дисконтите од типот на Алди и Лидл.

Тајкунот за овој потег вели дека бил инспириран од зголемениот број на луѓе кои барале помош од банките за храна, секојдневно борејќи се со сметките во домакинството.

На сајтот easyfoodstore.com се вели дека Изи групата, на која припаѓа нискобуџетната авионска компанија Изиџет, планира да отвори ланец на супермаркети наречен Изифудстор.

Како што пренесуваат странските медиуми, првиот пилот супермаркет се планира во приземјето на 9 катница во лондонскиот крај Кројдон. Во зградата која во целост припаѓа на Изи групата, ќе се отвори и ресторан и теретана, а два спрата ќе можат да се изнајмат за канцеларии.