Сопственикот на Ray Ban ги чести своите вработени со девет милиони евра

26

sopstvenik na ray ban

Основачот на италијанскиот производител на очила – Luxottica, Леонардо дел Вечио, го прославува својот 80-ти роденден, а по тој повод на 8.000 вработени во Италија ќе им подели девет милиони евра, пишува Yahoo Maktoob news.

Тој е вториот најбогат човек во Италија, а на своите вработени им подели 140.000 акции од компанијата Luxottica.

“Големо благодарам до сите вработени во компанијата во Италија, кои се најмногу заслужни за успехот на Luxottica. Со овој мал гест, сакам да покажам колку ми се важни вработените. Искрено верувам дека сме како едно семејство“, изјави тој.

Luxottica, компанија што ги поседува брендовите како што се Ray Ban и Okli, минатата година забележа рекорден профит, а 2015 година ја започна со зголемен профит за 34% во првиот квартал.