Сопственикот на WordPress презеде апликација на лични белешки

24

Automattic, во чија сопственост се наоѓа WordPress, ја проширува својата понуда со онлајн платформа за пишување со преземање на Day One, апликација за лични белешки за Mac и Apple. Апликацијата, како што пишува Tech Crunch, е преземена повеќе од 15 милиони пати од нејзиното лансирање во март 2011 година.

За разлика од WordPress и Tumblr, коишто се фокусирани на објавување статии за јавност, фокусот на Day One е на приватност. Апликацијата нуди end-to-end енкрипција за сите белешки во дневник, што може да вклучи текст, фотографии и аудио снимки. Day One сега ќе им овозможи на корисниците да објавуваат одбрани статии на WordPress, а наскоро ќе биде можно и вклучување на содржини од платформите во Day One.

Деталите од аквизицијата уште не се објавени, но Automattic преку соопштение вели дека генералниот директор на Day One ќе остане на таа позиција и дека тимот од 12 членови нема да се менува.

Фото: Pexels