Соработка меѓу Bulgaria Air и Air Berlin

21

bg

Од 14 јануари 2015 година Air Berlin и Bulgaria Air, бугарскиот национален авиопревозник, ќе понудат код-шер летови на избрани европски правци, соопштуваат од компанијата, пишува News.bg.

Air Berlin ќе стави свој код на летовите на Bulgaria Air од Берлин, Франкфурт и Виена до Софија, со што за прв пат се воведуваат континуирани летови од Австрија до бугарската престолнина.

Од средината на јануари директните летови на Air Berlin од Берлин до Копенхаген, Стокхолм, Гетеборг и Хелсинки исто така ќе летаат со кодот на бугарската авиокомпанија.

Со лансирањето на код-шер летовите, сите летови на мрежата на линиите на Air Berlin до и од Бугарија, ќе се вршат со Bulgaria Air.